Шаќири очекува од септември сите учебници навреме да бидат доставени
Се прават напори сите учебници за наредната година навреме да бидат доставени, вели министерот за образование Шаќири откако годинава имаше сериозни потфрлања, па на само неколку дена пред распустот, петтооделенците го добија учебникот по македонски јазик, а имаше и други доцнења. Шаќири признава дека имало проблем, и во одобрувањето на учебниците и при печатењето...

Се прават напори сите учебници за наредната година навреме да бидат доставени, вели министерот за образование Шаќири откако годинава имаше сериозни потфрлања, па на само неколку дена пред распустот, петтооделенците го добија учебникот по македонски јазик, а имаше и други доцнења. Шаќири признава дека имало проблем, и во одобрувањето на учебниците и при печатењето. Годинава се испечатени 26 наслови за стручното образование.
Министерството со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура седнаа на маса со меѓународната организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД и со претставници на американската федерација на наставници. Разговараа за актуелните теми во образованието.
Надоместокот за еден автор на учебник не се плаќа наеднаш, туку во неколку фази – тоа според министерот е една од причините зошто авторите се откажуваат од создавањето додека трае процесот, или воопшто не се пријавуваат. Направени се напори еднократна исплата, а со новиот закон треба да се скратат и роковите.
Ана Јосифовска Тодоровска
