Се подобрува здравствената состојба на повредените во несреќата кај Лозово

15.05.2014 13:38

Здравствената состојба на осумтемина повредени во несреќата кај Лозово, кои се сместени на хируршките клиники во Скопје се подобрува, соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров.

Полесно повредените се лекуваат во болниците во Штип и во Велес.

Според податоците од Министерството за здравство, на Трауматолотија нема новопримени пациенти, таму се уште се хоспитализирани пет пациенти со котузија на граден кош, кичма, скршеница на лумбален пршлен. Во тек е оперативен зафат на еден од нив, кој е со фрактури на неколку ребра и набиен граден кош. Состојбата на сите е добра и стабилна.

На КАРИЛ се лекува еден пациент, кој е во стабилна здравствена состојба.

На Неврохирургија има два пациенти, од кои еден со фрактура на черепот и крварења од увото, како и пациентката што повторно е вратена од КАРИЛ.