Бензема потпиша тригодишен договор со Ал-Итихад
Освојувачот на „Златната топка“ претходните 14 години беше член на Реал Мадрид, а со шпанскиот клуб петпати беше шампион на Европа и светот, се закити и со четири титули во „Ла Лига“...

Францускиот фудбалер Карим Бензема потпиша тригодишен договор со клубот од Саудиска Арабија, Ал-Итихад. Информацијата за трансферот на Бензема во тимот од Џеда за „АФП“ ја потврди клупски извор.
Освојувачот на „Златната топка“ претходните 14 години беше член на Реал Мадрид, а со шпанскиот клуб петпати беше шампион на Европа и светот, се закити и со четири титули во „Ла Лига“. Вкупно за Реал постигна 354 гола и е втор стрелец во историјата на мадридскиот клуб.
Последниот меч, 35-годишниот напаѓач го одигра во неделата против Атлетик Билбао (1:1), а единствениот гол за Реал го постигна Бензема од пенал.
