Кошарка

Шеста светска титула за Србија

06.06.2023 13:20

Ова е шесто злато за Србија на СП. Во историјата на светските првенства, кошаркарската репрезентација на Србија освои и еден сребрен медал и едно четврто место.

Репрезентацијата на Србија во 3×3 ја одбрани светската титула и по шести пат е најдобра на планетата.

Србија во неверојатно финале кое се одржа во Виена успеа да слави над Соединетите Американски Држави кои ги доби со резултат 21-19 и тоа откако претходно губеше со 15-19.

Со оваа победа Србите обезбедија место на Летните Олимписки Игри во Париз. Ова е шесто злато за Србија на СП. Во историјата на светските првенства, кошаркарската репрезентација на Србија освои и еден сребрен медал и едно четврто место.