Реновиран оддел на Универзитетската клиника за ендокринологија
Реновиран оддел на Клиниката за еднокринологија. На Гастро, нов центар за болести на црниот дроб. Надлежните се пофалија со нови инвестиции во здравството коишто треба да ги подобат условите за пациентите...

Реновиран е оддел на Универзитетската клиника за ендокринологија. Директорот Муча, информираше дека реновирањето опфаќа нови прозорци, болнички кревети, подови, плафони нова инсталација и осветлување. Се работи за поголем дел од Центарот за дијабет, сите лаборатории, собите за преглед на пациенти или амбуланти, соби за помошен персонал. Средства обезбедени од буџетот на клиниката, со поддршка на министерот за здравство.
За 50-тиот роденден од „Мој Термин“, околу 4.000 скопјани ќе бидат повикани на колоноскопија. Гастро-клиниката ќе биде еден од двата центра кои ќе бидат вклучени во скринингот за колоректален карцином, а вториот ќе биде во болницата „8-ми Септември“. Скрининг програмата за карцином на дебело црево има цел спречување и навремено откривање на оваа болест.
Министерот за здравство, Меџити, најави дека ќе ги провери тврдењата дека повторно нема терапија за пациентите на онкологија и радиотерапија, иако, на крајот од минатиот месец изјави дека сите лекови за болните од рак се достапни.
Александра Спировска
