Уставни измени

Утре тет-а-тет средба Ковачевски-Мицкоски

06.06.2023 14:42

Утре во Клубот на пратениците, тет-а-тет средба Ковачевски-Мицкоски. Уставни измени под диктат нема да има, велат од опозицијата. Социјалдемократите пак со став-опциите се јасни интеграција во ЕУ или изолација..

На тет-а-тет средбата Ковачевски – Мицкоски, на маса евроинтеграциите и добрососедските односи. Власта смета дека во државата постојат два концепта-едниот за европска Македонија и вториот, којшто го предводи Левица и е за изолирана држава. Од СДСМ се надеваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да се надмине себе и конечно ќе поддржи одлука со која земјата ќе се интегрира во ЕУ, по членството во НАТО. Од владејачката партија уште еднаш потенцираа-опциите се јасни, интеграција во ЕУ или изолација.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дијаметрално спротивен. Уставни измени со прифаќање на бугарски диктат нема да има и дека овој парламентарен состав нема мандат за таков чекор. Од партијата очекуваат Ковачевски да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени ќе немаат потребно мнозинство.

Иницијативата за отворање на Уставот од работната група е во Владата. По разгледувањето на седница и прифаќањето, ќе биде доставена до Собранието, каде што се отвора процедура во Комисија за уставни прашања, а на пленарка се утврдува потребата од уставни измени.

Засега е неизвесно дали ќе бидат прифатени, имајќи предвид дека од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се категорични, дека нема да ги поддржат.

 

Милчо Велески