Македонија

Ослободителна пресуда за Жан Митрев во случајот со МАЛМЕД

06.06.2023 17:28

Клиниката Жан Митрев информираше дека судот донел ослободителна пресуда во постапката што ја отвори Агенцијата за лекови...

Клиниката Жан Митрев информираше дека судот донел ослободителна пресуда во постапката што ја отвори Агенцијата за лекови за непријавување на клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација. Судот оценил дека нема докази за направен прекршок.

„Ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината“, велат од клиниката. Против Жан Митрев се води и друг процес откако Обвинителството поднесе обвинение за измама на пациенти, лекувани со хемофилтрација.