Протест на албанската опозиција за оставка на Рама
Под мотото „Албанија кон Европа а не кон Колумбија“ албанската опозиција ги почнува протестите против актуелната власт,кои како што е најавено ќе траат се до соборување на премиерот Еди Рама, јавија албанските медиуми.
Насобраните граѓани пред ззградата на Парламентот на два големи видео бима ја следеа седницата на Парламентот, на која опозицијата го обвини Рама за директна вмешаност во шверцот со дрога и побара на седницата да се распарава по прашањето за шверцот со дрога.

Претседателот на Парламентот Илир Мета, даде пауза заради консулатции со координаторите на пратеничките групи околу неговиот предлог за ова прашање да се одржи вонредна седница утре.
Потоа пратениците на опозицијата се придружија на насобраните граѓани, кои држат пароли „Рама оди си“, „Интеграција“ „Не дрога“.
- Еди Рама е главниот виновник зашто власта им ја даде на наркошверцерите.Зошто да се прекине нашиот пат кон Европа, ние сакаме држава за нашите деца, -рече пред насобраните пратеничката Месила Дода. Се очекува на протестот да се обрати лидерот на демократите и актуелен градончалник на Тирана,Љуљзим Баша. За безбедноста ангажирани се големи полициски сили со цел да се спречи евентуален инцидент.