МВР

Министерот Спасовски ќе учествува на Сараевски миграциски дијалог 3 во Босна и Херцеговина

06.06.2023 17:48

Во текот на следните два дена, (7-8.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од Министерството за внатрешни работи во работна посета на Босна и Херцеговина...

Во текот на следните два дена, (7-8.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од Министерството за внатрешни работи во работна посета на Босна и Херцеговина, а на покана на министерот за сигурност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, за учество на Сараевскиот миграциски дијалог 3. Притоа, министерот Спасовски ќе има изјава за босанските медиуми и ќе оствари билатерална средба со босанскиот колега Нешиќ.

Министерот Спасовски ќе се сретне и со македонската дијаспора во Башчаршија, а на покана од амбасадорката на Шведска во Сараево, H.E. Johanna Strömquist, тој ќе присуствува на прием по повод Националниот ден на Шведска.

Следниот ден министерот Спасовски ќе се обрати на Министерска сесија во рамки на Сараевскиот миграциски дијалог 3.