Силен земјотрес на Хаити, најмалку тројца загинати
Земјотрес со јачина од 4,9 степени утринава го погоди западниот дел на Хаити, при што загинаа најмалку три лица, а неколку се повредени, според извештаите на медиумите...

Земјотрес со јачина од 4,9 степени утринава го погоди западниот дел на Хаити, при што загинаа најмалку три лица, а неколку се повредени, според извештаите на медиумите.
Земјотресот се случи додека островската држава се бори да се опорави од поплавите во кои загинаа 42 лица за време на викендот.
Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, со длабочина од само 10 километри, бил во близина на областа Лес Абрикотс во департманот Гранд Анс. Официјален претставник за катастрофи на Хаити изјави за Асошиетед прес дека досега се потврдени три смртни случаи по уривање на куќа.
