влада

Премиерот Ковачевски на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски

07.06.2023 08:44

На средбата, ќе се разговара пред сè за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи...

Во Клубот на пратениците средба на премиерот Ковачевски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. На средбата, ќе се разговара пред сè за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјава, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржувањето на добрососедските односи. Пред состанокот, позициите на двете страни се дијаметрално спротивставени.

Од СДСМ тврдат дека не смее да се пропушти шансата за европскиот пат и бараат да се избере интеграција наспроти изолација. ВМРО-ДПМНЕ повика на пакт за национално и државно единство.