мвр
Приведен крадец во Скопје, фатен на дело
07.06.2023 09:00
Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во куќа на оваа улица...

Вчера на ул. „Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во куќа на оваа улица.
Малолетникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
