Украина

Илјадници евакуирани по уривањето на браната Нова Каховка

07.06.2023 09:20

Илјадници лица се евакуирани по уривањето на браната Нова Каховка во Херсонската област. Украинското Министерство за земјоделство процени дека полињата би можеле да се претворат во пустина...

Илјадници лица се евакуирани по уривањето на браната Нова Каховка во Херсонската област. Нивото на водата се зголеми за 12 метри. Украинското Министерство за земјоделство процени дека полињата би можеле да се претворат во пустина.

„Седев, се надевав дека ќе останам таму. Но водата почна да надоаѓа со голема сил. Син ми позајми брод од соседите и со него излеговме“, изјави жителка.

„Русите веројатно ја погодија браната без размислување. Нечовечни се“, рече жител.

Киев и Москва и натаму си ја префрлаат вината за колапсот на браната која ги снабдува со вода Крим и нуклеарната централа во Запорожје. Нападот го осудија ЕУ, САД и НАТО кои бараат одговорност од Москва. Финска протера деветмина руски дипломати. Обединетите Нации предупредија на тешки и долгорочни последици.