Косово

Вучиќ: Целосна посветеност на дијалогот со Приштина

07.06.2023 09:24

Целосно сме посветени на дијалогот со Приштина, изјави српскиот претседател Вучиќ на средбата со Лајчак И Ескобар во Белград...

Претседателот на Србија Вучиќ на средбите со специјалните претставници на САД и ЕУ за дијалогот со Приштина Ескобар и Лајчак, потенцира дека неговата земја е целосно посветена на процесот преку постигнување на компромисни и одржливи решенија за подобрување на односите со Албанците.

Клучно барање, за него, е безбедноста на српскиот народ. Вучиќ потсетил на договорите од Брисел, првенствено на формирањето на Заедницата на српски општини и ја повика меѓународната заедница да се ангажира повеќе со Приштина во таа насока.

Лајчак и Ескобар изнесоа три барања: прекин на насилствата, нови избори со учество на Србите и нормализирање на дијалогот.