Сообраќај
МВР: 181 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење
07.06.2023 09:38
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возење под дејство на алкохол, информираат од МВР.
