Наградата „Ладислав Баришиќ“ на Здружението на ликовни критичари за 2023 доделена на Нада Пешева
Наградата за ликовна критика, „Ладислав Баришиќ“ за 2023 година на Нада Пешева за проектот „Женското учество во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“.

Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ и ја додели наградата за ликовна критика, „Ладислав Баришиќ“ за 2023 година на Нада Пешева за проектот „Женското учество во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“.
Истражувањето се осврнува на референтни изложби и кураторски проекти кои застапуваат, поттикнуваат и промовираат еднаква презентација на жени – авторки реализирани преку програмските активности на националните установи и независната културна сцена, но и вклучување дела во колекциите на установите, во објавените публикации и слично.
Фото:/ AICA
