Ваучери со еднократна помош
30.11.2013 14:37
Градоначалникот на Општина Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска на 58 семејства општината кои имаат принова им врачи ваучери за еднократна парична помош. Вкупниот број на ваучери кои општината ги додели од почетокот на примената на оваа мерка изнесува 217.
- Ова говори дека нашата цел, полека но сигурно се исполнува. Тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејствата со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни, рече градоначалникот Беличанец – Алексиќ.
Таа ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.
Советот на Општина Кисела Вода, на лична заложба и предлог на градоначалничката, на 4-тата пленарна седница едногласно ја донесе одлуката за доделување на еднократна парична помош во износ од шест илјади денари на секое семејство од општината со принова, која започна да се применува од 20 јуни оваа година.
