Образование

Пешев: Недостасува кадар со стручно образование

07.06.2023 11:28

Имаше хиперпродукција на високообразовани кадри без конкретна работна вештина, изјави извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев. Борбата за вработување може полесно да се добие со стручно образование-вели министерот Јетон Шаќири...

Македонија не произведуваше доволно работна сила соодветна на потребите на стопанството. Образовните програми не беа адаптирани на новонастанатата состојба. Имаше хиперпродукција на високообразовани кадри без конкретна работна вештина, изјави извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев.

Стручното образование е важно во спроведување на економските политики. Борбата за вработување може полесно да се добие со стручно образование, вели министерот Јетон Шаќири.

Швајцарската амбасадорка Улман им порача на родителите да ги поддржат децата во изборот на стручното образование.

Швајцарија како земја со позитивно искуство од дуалното образование ја поддржува реформата на образовниот систем за воведување на истото.

 

 

Александра Велинова