Партизан триумфираше над Цедевита Олимпија во АБА лигата
Кошаркарите на Партизан во полуфиналето од АБА лигата во „мајсторката“ триумфираа убедливо над Цедевита Олимпија со 90:71. Играчите на Жељко Обрадовиќ одиграа без осцилации, Цедевита неколку пати се обидуваше да се врати во мечот...

Кошаркарите на Партизан во полуфиналето од АБА лигата во „мајсторката“ триумфираа убедливо над Цедевита Олимпија со 90:71. Играчите на Жељко Обрадовиќ одиграа без осцилации, Цедевита неколку пати се обидуваше да се врати во мечот, но Партизан секогаш имаше одговор.
Партизан подобро влезе во натпреварот и со осум врзани поени на Смаилагиќ поведе со 8:2, а по четири минути игра стигна до големи плус 15 (17:2). Цедевита Олимпија одговори со две поврзани тројки на Драгиќ, Матковиќ следеше со осум поени, но црно-белите ја задржаа предноста и на првиот одмор заминаа со осум поени предност (24:16).
Најефикасен за Партизан беше Зек Ледеј со 17 поени, Џејмс Нанели додаде 12, а Ален Смаилагиќ, Данило Анѓушиќ и Данте Егзум по 11.
