ГРЦИЈА
Мицотакис: Еднопартиска влада или нови избори во август
07.06.2023 12:33
Доколку Нова демократија на изборите на 25 јуни не го добие потребниот 151 пратеник за еднопартиска Влада, не постои друго сценарио, освен нови избори во август, дециден лидерот Мицотакис...

Доколку Нова демократија на изборите на 25 јуни не го добие потребниот 151 пратеник за еднопартиска Влада, не постои друго сценарио, освен нови избори во август, дециден е Мицотакис. Ја отфрли можноста за коалиција со ПАСОК или со која било друга од малите десничарски партии.
На јавниот радиодифузер, за односите со Турција, објасни дека ако стане премиер ќе побара средба со турскиот претседател Ердоган.
