Њујорк под густ чад поради пожарите во Канада
Американската Агенција за заштита на животната средина издаде предупредување за лош квалитет на воздухот за Нова Англија, Илиноис, Висконсин и Минесота...

Канада со денови се справува со серија интензивни шумски пожари кои се проширија од западните провинции до Квебек. Поради чадот, и Њујорк е меѓу најзагадените градови во светот.
„Сите честички што се ослободуваат од шумските пожари во Канада и Квебек и Нова Шкотска течат низ реката Охајо и се влеваат на исток. За жал, високото ниво на штетни честички најверојатно ќе остане додека не се изгаснат пожарите“, изјави Лорен Волд од државниот Универзитет во Охајо.
Американската Агенција за заштита на животната средина издаде предупредување за лош квалитет на воздухот за Нова Англија, Илиноис, Висконсин и Минесота.
