ООН

Избрани пет нови непостојани членки на Советот за безбедност на ООН

07.06.2023 12:37

Словенија, Алжир, Гвајана, Република Кореја и Сиера Леоне се избрани за непостојани членки на Советот за безбедност на ОН по гласањето во Генералното собрание и ќе служат за двегодишен мандат почнувајќи од јануари...

Словенија, Алжир, Гвајана, Република Кореја и Сиера Леоне се избрани за непостојани членки на Советот за безбедност на ОН по гласањето во Генералното собрание и ќе служат за двегодишен мандат почнувајќи од јануари.

„Ние сме многу горди што ја преземаме оваа многу важна задача. Им велам на сите наши партнери во светот – знаеме да слушаме и знаеме како да работиме заедно. Оваа организација е многу важна за нас“, изјави Тања Фајон, министер за надворешни работи на Словенија.

Советот за безбедност е составен од 15 земји, од кои пет – Кина, Франција, Русија, Обединетото Кралство и САД – се постојани членки, давајќи им право на вето на секоја резолуција или одлука.