Фудбал

Елмас доби осумка од „Кориере“ за придонесот во титулата на Наполи

07.06.2023 12:39

Реномираниот „Кориере дело Спорт“ со висока осумка го оцени придонесот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во освоеното Скудето на Наполи...

Реномираниот „Кориере дело Спорт“ со висока осумка го оцени придонесот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во освоеното Скудето на Наполи.

Елмас сезоната ја заврши со шест гола и три асистенции, влегувајќи како „џокер“ од клупата на најголем дел од натпреварите Елмас успеа да биде трет стрелец зад Осимен и Кварацхелија.

„23-годишниот Елмас беше еден од најомилените фудбалери на Спалети во освојувањето на третата историска титула за Наполи. Најмногу тоа беше поради неговата универзалност да се користи на повеќе позиции, па дури и како „лажна деветка“ кога ги немаше Осимен и Симеоне. Головите и асистенциите (вкупно девет) се доволен доказ за неговиот голем придонес во играта“, стои во објаснувањето на оценката за сезоната на македонскиот репрезентативец.