ВАТИКАН
Папата Франциск хоспитализиран во Рим поради итна операција, соопшти Ватикан
07.06.2023 12:39
Неговиот медицински тим во изминатите денови решил дека операцијата е неопходна поради што се очекува папата да остане неколку дена под постојан лекарски надзор...

Папата Франциск е хоспитализиран во Рим, каде ќе биде подложен на хируршка интервенција на абдоменот, соопшти прес-службата на Ватикан.
Неговиот медицински тим во изминатите денови решил дека операцијата е неопходна поради што се очекува папата да остане неколку дена под постојан лекарски надзор.
