Откако не доби ниту лиценца за настап во Бундес Лигата

Хамбург пред „потоп“

15.05.2014 15:05

Европскиот ракометен првак од 2013 година, германски Хамбург, се наоѓа пред целосно згаснување, откако не доби и лиценца за настап во Бундес Лигата во наредната натперварувачка сезона поради лошата финансиска ситуација.

Независната комисија не му одобрила лиценца за домашното првенство во сезоната 2014/2015, бидејќи не можел да ја докаже финансиската солвентност. Клубот којшто како актуелен континентален владетел беше елиминиран од нашиот Вардар во осминафиналето на годинашната Лига на шампионите, има рок од седум дена за жалба и евентуално да подготви нов буџет во согласност со критериумите коишто ги исполниле сите други 17 бундеслигаши. Конечната одлука околу неговата судбина ќе биде позната најдоцна до 15 јуни.

Најголемите ѕвезди секако најавија дека ќе го напуштат клубот на крајот од оваа и резултатски неуспешна сезона сезона, а уште претходно си замина претседателот Андреас Рудолф. Тренерот Мартин Швалб изрази надеж дека случајот сепак ќе има позитивен расплет, иако ништо не зависи од спортскиот дел на клубот, додека претседателот на Бундес Лигата Бернард Бауер рече дека би било трагедија ако Хамбург сосема згасне.