Вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница „Бардовци“
Откако на социјалните мрежи се појавија вознемирувачки видеа од тепање на пациенти во Психијатриската болница Бардовци во Скопје од страна на други пациенти, хоспитализирани во болницата, реагираше Државниот здравствен и санитарен инспекторат...

Откако на социјалните мрежи се појавија вознемирувачки видеа од тепање на пациенти во Психијатриската болница Бардовци во Скопје од страна на други пациенти, хоспитализирани во болницата, реагираше Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) кој издал налог за вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница „Бардовци“.
Случајот со претепувањето на пациент е пријавен и во МВР и полицијата работи на негово расчистување.
На Фејсбук по објавувањето на видеата, се огласи и директорот на ЈЗУ Психијатриска болница „Бардовци“ Мусхин Арифи и потврди дека тепачката навистина се случила и тоа во судското одделение на болницата.
