Македонија

ЗНМ: Постигната е усогласеност за зголемување на транспарентноста на владините институции

07.06.2023 15:11

Отворена дебата со владини претставници за формиран Фонд за новинарски продукти кои промовираат медиумски плурализам. Новинарството во Македонија е загрозено, ниту премиерот, ниту министрите не ја сфаќаат сериозно новинарската работа и новинарската професија, констатираа претставници на меѓународни новинарски организации во Скопје...

Новинарството во Македонија е загрозено. Ова го констатираа претставници на меѓународни новинарски организации во Скопје кои неколку дена, на покана на ЗНМ имаа средби со државниот врв и неколку институции. Нивниот впечаток е дека со исклучок на претседателот Пендаровски, ниту премиерот, ниту министри, никој од нив не ја сфаќа сериозно новинарската работа и новинарската професија и не согледуваат колку е важна улогата на новинарите за демократијата.

Она што загрижува е, како што велат, размислувањето да се воведе државно рекламирање преку плаќање на кампањи од јавен интерес во приватните медиуми, а политичарите треба да се воздржат од непријатни изјави кон новинарите.

Сепак, од ЗНМ рекоа дека на средбите успеале да постигнат согласност за отворање на дебата за формирање Фонд за новинарски продукти.

Гостите го поздравија неодамнешното усвојување на измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува поголема безбедност и сигурност за медиумските работници.

 

Катерина Топалова