DOG EAT DOG ве канат вечерва на концерт во Скопје
DOG EAT DOG, Американски кросовер бенд кој зад себе има 24 години постоење, вечерва конечно ќе настапат со свој самостоен концерт пред македонската публика, во просториите на Младинскиот Културен Центар во Скопје. Домашната публика го памети одличниот, прв и до сега единствен настап на DOG EAT DOG кај нас, кој се одржа во 1995 година во рамки на „Т Фестивал“ во Скопје, а речиси 19 години подоцна, овој енергичен состав повторно доаѓа во Македонија и тоа со својот прв самостоен концерт.

Dog Eat Dog е американски бенд од Њу Џерси, основан во 1990 година кога беше дел од хардкор музичката сцена на Њујорк и Њу Џерси. Со членови кои денес живеат во Њу Џерси, Вашингтон и Европа, бендот за себе вели дека е базиран на сите три локации. Dog Eat Dog беше еден од првите бендови кои почнаа да комбинираат хардкор и рап, стил кој подоцна прерасна во стандарден музички израз. Групата постигна комерцијален успех со сингловите како "No Fronts", "Expect The Unexpected" и "Who's The King" – кои го покажуваат токму нивниот уникатен спој на хардкор, рап и саксофон. Од нивниот прв албум па сѐ до денес, а особено во последната декада звукот на бендот еволуираше до вклучување на елементи од фанк, ска и хип хоп музиката. По, повеќе промени во составот кои бендот ги имаше во својата кариера, од 2010 година Dog Eat Dog повторно го обедини својот оригинален состав, прославувајќи ги 20те години постоење на бендот во чиј знак е и годинашната турнеја.
Моника Јовановска