Вашингтон

Пенс против Трамп во трката за претседател

07.06.2023 17:35

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, кој лојално му служеше на Доналд Трамп, но се сврте против него по нападот на Капитол во 2021 година, денеска официјално ја објави својата кандидатура за претседателска номинација на Републиканската партија за изборите во 2024 година...

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, кој лојално му служеше на Доналд Трамп, но се сврте против него по нападот на Капитол во 2021 година, денеска официјално ја објави својата кандидатура за претседателска номинација на Републиканската партија за изборите во 2024 година.

„Секогаш ќе бидам горд на напредокот што го постигнавме заедно за посилна и попросперитетна Америка“, нагласи Пенс во видеопораката, критикувајќи го актуелниот демократски претседател Џо Бајден.

Многу ретко се случува поранешен потпретседател да се кандидира против претседателот за кој работел. Ова се случило само неколкупати во американската историја.

Пенс, кој наполни 64 години, ќе се соочи со Трамп и најмалку десет други кандидати за претседателска номинација на Републиканската партија, што во суштина е битка меѓу двајцата фаворити, Трамп и гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.