Собрание

Специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев во посета на Собранието

08.06.2023 08:34

Како што информираат од собраниската прес-служба, Специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија...

Како што информираат од собраниската прес-служба, Специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Амербајев ќе оствари средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и со Арта Билали-Зендели, шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО).