Кошарка – Евролига

Родригез евролигашки МВП!

15.05.2014 15:19

Одличната сезона на Реал Мадрид му донесе гооемо признание и на неговиот најдобар кошаркар Серхио Родригез кој е прогласен за најкорисен играч во Евролигата. Иако мечевите ги почнуваше од клупата, Родригез е најдобар стрелец и асистент во кралскиот клуб со 13,5 поени и 5 додавања за кош во просек по натпревар.

Само вторпат во историјата на најквалитетното европско клупско натпреварување, „шестиот играч“ ја освојува оваа престижна награда. Претходно тоа му успеа на Теодорос Папалукас во 2007-ма кога настапуваше за ЦСКА Москва.

Уште во неколку статички параметри Родригез е меѓу најодбрите во Евролигата. Со 48 проценти е четврти според успешноста на  погодени тројки, петти е според бројот на асистенции, а седми според индексот на корисност.

Признанието ќе биде дополнителн мотив за Родригез пред утрешното кошаркарското „Ел класико“, односно вториот полуфинален дуел од завршниот турнир на Евролигата меѓу Реал Мадрид и Барселона. Претходно во Милано ќе играат ЦСКА Москва и Макаби.