Влада

Вицепремиерката Грковска ќе одржи средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица

08.06.2023 08:46

Како што соопштуваат од владината прес-служба, целта на настанот е промоција на политиките за добро владеење поврзани со младите, кои се одвиваат под слоганот „Зависи од мене и тебе“...

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ќе одржи средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, целта на настанот е промоција на политиките за добро владеење поврзани со младите, кои се одвиваат под слоганот „Зависи од мене и тебе“.

На средбата ќе се иницира отворена дискусија со средношколците на темите: чесност, интегритет и лична одговорност, а во насока на градење подобро општество и справување со штетните појави, како што се корупцијата и насилството.