Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик пред Комисијата за култура
Во собраниската Комисија за култура денеска треба да почне разгледувањето на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик...

Во собраниската Комисија за култура денеска треба да почне разгледувањето на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик. Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба во јавната и во службената комуникација, почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во таа насока.
Со новиот закон ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо.
