Судство

Оставките на Стевкова и Герасимовски денеска на дневен ред на Судскиот совет

08.06.2023 09:25

Заменик министерката за правда не ги коментира оставките, но негира политички влијанија врз ова судско тело...

Оставките на Стевкова и Герасимовски денеска ќе се најдат на дневен ред на Судски совет. Блупринт групата очекува дека и останатите ќе преземат ваков чекор.

Заменик министерката за правда пак не ги коментира оставките, но негира политички влијанија врз ова судско тело.

Проблемите ќе се пресликаат и во извештаите на ЕУ, сметаат невладините. Шведската амбасадорка предупреди дека Унијата одблиску следи сè што се случува во правосудството.

На седницата треба да се избере конечно и заменик на Селим Адеми.