Апокалиптични сцени во Њујорк поради пожарите во Канада
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредувања за аерозагадување за целиот брег на Атлантикот...

Апокалиптични сцени во Њујорк поради пожарите во Канада. Регистриран е драстично влошен квалитет на воздухот, двојно полош од другите загадени градови како Дубаи или Њу Делхи. Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредувања за аерозагадување за целиот брег на Атлантикот. Поради чадот беа откажани сите активности во училиштата на американскиот источен брег. Многу летови се приземјени, а милиони Американци мораа да останат во затворен простор.
„Чадот е силен, не сакав да го вдишувам. Денеска сакав да одам на прошетка со максимална заштита“
„Ние работиме на отворено и мачно е. Моравме да запреме со работата на патиштата и со спречувањето на поплавите“
Иако шумските пожари се вообичаени во западна Канада, пожарите моментално горат низ целата земја, особено во источната провинција Квебек.
