Западен Брег
Повредени во израелска акција во Рамалах
08.06.2023 09:37
Според сведоци, израелските сили спроведувале операција за уривање на домови, по што испалиле боева муниција, шок-бомби и солзавец кон групата Палестинци...

Неколкумина се повредени и хоспитализирани откако израелските сили отворија оган врз палестински момчиња кои фрлале камења за време на нивна акција во палестинскиот град Рамалах на окупираниот Западен Брег. Според сведоци, израелските сили спроведувале операција за уривање на домови, по што испалиле боева муниција, шок-бомби и солзавец кон групата Палестинци.
Во Рамалах е стационирана палестинската Влада.
