Три лица лишени од слобода
Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје на 9 мај годинава го лиши од слобода лицето Сашко Т.(48), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од четириесет дена, за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. Тој е спроведен во Полициската станица „Ѓорче Петров“ за понатамошна постапка.

Истиот ден СВР Скопје го лиши од слобода и лицето Владо Ј.(30), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години и шест месеци, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој е спроведен во Затвор-Скопје како и лицето Борис Ц.(58), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело „даночно затајување“. Тој е спроведен во Затвор-Скопје.