Театар
Премиера на театарот „Чекори“
08.06.2023 09:39
Претставата е крими-комедија и е составена од две едночинки, експериментално поставени во една целина...

Вечерва, со почеток во 20 часот, театарот „Чекори“ премиерно ќе ја изведе претставата „Драги уметници“, во режија на Маја Ѓурчевска. Претставата е крими-комедија и е составена од две едночинки, експериментално поставени во една целина.
Улогите ги толкуваат: Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Тамара Стојановска, Никола Димевски, Давид Димоски и Михаил Митевски. Оваа претстава за прв пат, пред десетина дена беше изведена на фестивалот ДАФ во Кочани.
