ДС:Пратеникот може да даде оставка само на седница на парламентот

15.05.2014 15:29

Во врска со поднесените оставки од пратеникот и кандидатите за пратеници од НДП, Демократскиот сојуз смета дека истите се во спротивност на член 65 став 2 од Уставот на Република Македонија, се вели во соопштението на ДС.

Имено не е спорна уставната, законската и деловничката можност, пратеник на кој му е верифициран мандатот, да поднесе оставка, но тоа мора да го направи на седница на Собранието и оставката мора да ја поднесе лично, односно мора да биде присутен на седницата на Собранието на Република Македонија.

Само на овој начин се гарантира интегритетот на пратеникот и нема друга можност да му престане мандатот.

Досегашната пракса на „ писмени оставки “ треба да се надмине и целосно и безусловно да се почитува Уставот на Република Македонија.

Собранието е законодавен дом и не се можни импровизации туку доследно почитување на уставните и законските определби стои во соопштението  од ДС.