Воздухот на алармантно ниво по големите пожари во Канада
Чадот од шумските пожари во Канада ги гуши жителите на САД – од источниот брег до средниот запад на земјата летовите на главните аеродроми откажани. Квалитетот на воздухот во Њујорк е на опасно ниво. Издадена е препорака да се откажат сите активности на отворено.

Чадот од шумските пожари во Канада ги гуши жителите на САД – од источниот брег до средниот запад на земјата летовите на главните аеродроми откажани, како и многу натпревари. Луѓето повторно ставија маска на лицата, за првпат по пандемијата. Квалитетот на воздухот во Њујорк е на опасно ниво.Издадена е препорака да се откажат сите активности на отворено.
„Нормалниот индекс за квалитет на воздухот е 50, но во делови од нашата држава е забележано ниво од над 400 во последните 24 часа. Тоа е опасна ситуација. Веруваме дека маската N95 е начин на кој луѓето можат да ги заштитат, да ги спречат честичките од воздухот да влезат во нивните бели дробови. Ги замолувам сите да бидат внимателни со огнови во своите домови, скара, во секој дел од државата Њујорк, бидејќи последното нешто што сакате да направите е да придонесете за проблемот со шумските пожари“, изјави Кети Хочул - гувернер на Њујорк.
Њу Џерси ги затвори државните канцеларии, а некои политички демонстрации од Менхетен, Харисбург, Пенсилванија, се преместени или одложени.
„Чадот е силен, не сакав да го вдишувам. Денеска сакав да одам на прошетка со максимална заштита“, изјави жителка.
„Ние работиме на отворено и мачно е. Моравме да запреме со работата на патиштата и со спречувањето на поплавите“, изјави жител.
Канадските власти бараат помош во борбата против повеќе од 400 пожари. Евакуирани се околу 20.000 луѓе. Властите велат дека ова ќе биде најлошата сезона на шумски пожари во земјата досега. Ресурсите за гаснење се исцрпени низ целата земја.
Марина Ристова
