Франција

Маж избодел шест деца во парк во Франција

08.06.2023 12:28

Неколку деца се избодени со нож на игралиште во градот Анесиј, југоисточна Франција...

Ужас во југоисточна Франција. Вооружен маж, со нож избоде неколку мали деца и најмалку еден возрасен. Неколкумина од повредените се во критична состојба. Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен. Осомничениот 32-годишник по потекло е од Сирија, а лани во ноември поднел барање за азил.

Во тек е истрага за причините. Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша инцидентот како „чин на апсолутен кукавичлук“.