Христијанка осудена на смрт зашто се одрекла од исламот

15.05.2014 15:32

Во Судан  една христијанка била осудена на смртна казна поради нејзината одлука да го напушти исламот и  покрај приговорите на западните амбасади судот во Судан да покаже сочувство и почит кон верските слободи.

„Ви дадовме три дена да се одречете од христијанството, но вие инсистиравте дека нема да му се вратите на исламот. Поради ваквата ваша одлука ве осудувам на смрт”, и рекол судијата на жената, обраќајќи и се со татковото име зашто  татко и  бил муслиман, пренесува „АФП”.

Нејзиното христијанско име е Меријам Јахиа Ибрахим Ишаг.

Судијата ја осудил Ишаг и на сто удари со камшик поради прељуба.

Ишаг која има 27 години и е бремена, не покажала никакви емоции кога судијата и ја изрекол смртната казна во судот во Картум.

Претходно за време на сослушувањето, кога исламскиот лидер разговарал со неа околу 30 минути, барајќи од неа да се одречи од христијанството, жената со мирен глас одговорила дека е христијанка и дека никогаш не направила верско „злодело”.