Во Прилеп за 40 насто помалку првачиња, за полуматурантите нема свидетелства
Учебната година завршува а старите проблеми остануваат. Загрижува што рапидно опаѓа бројот на првачиња. Во официјалниот рок за упис бројот на првачињата е намален за 40 насто. Главен проблем се смета – иселувањето. И годинава сè уште е проблемот со свидетелствата за полуматурантите …

Повеќе од една третина или за околу 40 насто е намален бројот на запишани првачиња во 10-те прилепски основни училишта. Од списокот на 802 деца кои се на возраст за упис во прво одделение, во официјалниот рок до 1-ви јуни, се запишале 480. Дури, во едно основно училиште, од предвидените 190, се запишани 50-тина првачиња. Бројките ги загрижуваат надлежните, а главните причини ги посочуваат во иселувањето.
Училиштата ја завршуваат учебната година со проблемот со учебниците, а како и лани и годинава не се стигнати свидетелствата за полуматурантите.
Свидетелствата за полуматурантите се итен проблем за решавање, а наставниот кадар се надева дека летото е доволно време да се реши проблемот со учебниците.
Елизабета Митреска
