Штип

Со ребаланс на буџетот, општина Штип го спаси ЈП „Исар“ од економски крах

08.06.2023 13:56

Финансиската криза на штипското Јавното претпријатие „Исар“ времено е надмината откако Советот на Општината на вонредна седница, изврши ребаланс на буџетот и пренамени 18 милиони денари за „Исар“. Коалицијата на СДСМ даде само еден глас за ребалансот, останатите гласаа против и воздржано...

Советот на Општина Штип на вонредна седница изврши ребаланс на буџетот и одвои 18 милиони денари за финансиска стабилизација на ЈП „Исар“, чија сметка е блокирана заради неплатени долгови за електрична енергија. Долгот кон ЕВН сам по себе не би бил проблем, доколку претпријатието не плаќа обврски за кредит земен пред 20 години, истакна градоначалникот.

Пред изгласување на ребалансот, советниците расправаа за тоа која партија е поголем виновник за сегашната финансиска криза на „Исар“ и утврдија дека обвинителството треба да се позанимава со незаконското работење во претпријатието во минатите две децении.

Средствата кои од општинската каса се префрлија во ЈП „Исар“ нема да бидат пречка за реализација на планираните капитални проекти, изјави градоначалникот пред советниците во Општина Штип.

 

Славица Величковска