Судиите Герасимовски и Радевска- Стефкова го напуштија Судскиот совет
Членовите на Судскиот совет, судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска- Стефкова го напуштија Советот. Врховната судијка укажа на незаконски одлуки, посочувајќи го и разрешувањето на Дамева. Герасимовски впери прст во превирањата. Ханиф Зендели е избран за заменик- претседател на Судскиот совет…

На седница на Судскиот совет констатирани оставките на судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од скопска Апелација, кои повеќе не се членови на ова тело. Двајцата ги образложија причините-посочија на недоволна транспарентност на Советот, на нарушени меѓучовечки односи по разрешувањето на Дамева, но и избор на судии без да се почитува ранг-листата. Според нив, Советот треба да се ослободи од надворешните и внатрешните влијанија кои ја нарушуваат довербата во судството.
Неодамна разрешената претседателка на Советот, Дамева рече дека двајцата судии покажале интегритет.
За заменик-претседател на Судскиот совет со девет гласови „за“ и еден „против“ избран судијата Ханиф Зендели, а претходно беше и формално констатирана оставката Селим Адеми, кој претходно ја извршуваше функцијата.
Советот заседаваше, вработените стручните служби на протест со којшто бараат да им се вратат додатоците на плата.
Игор Панов
