Македонија

Тренчевска: Потребна е поголема вклученост на институциите за надминување на проблемот со бездомниците

08.06.2023 14:05

350 бездомници во земјава сместени во некои од прифатните центри. Ова го покажуваат податоци од последниот попис. Се проценува дека неевидентирани бездомни лица има многу повеќе...

350 бездомници се сместени во некои од прифатните центри, покажуваат последните податоци од пописот. Но, се проценува дека бројот е многу поголем оти многумина не се евидентирани.

Има различни пристапи за решавање на проблемот со бездомништвото, но останува потребата од поголема вклученост и координација на сите институции, признава министерката за труд и социјална политика.

Во процес на изготвување е Закон за социјални претпријатија. Преку нив треба да се овозможи социјална реинтеграција и работно ангажирање на луѓето во ризик.

 

Ана Јосифоска Тодоровска