Ивановски на Светскиот ден на телекомуникациите во Женева
15.05.2014 15:51
Ворамките на одбележувањето на Светскиот ден на телекомуникациите информатичкото општество, кој во организација на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) на 16 мај ќе се одржи во Женева, учество ќе земе и министерот за информатичко општество иадминистрација, Иво Ивановски.
Целта на годинашната средба е да се помогне во подигнувањето на свеста дека употребата на интернетот и другите информатички и комуникациски технологии можат да влијаат на развој на економиите и општествата во целина,а ќе се разгледуваат и начините занадминување на дигиталниот јаз.

Оваа година главна тема ќе биде „Широкопојасниот интернет за одржлив развој“ во рамките на која главен акцент ќе биде ставен на глобалната заложба за постигнување универзален пристап до широкопојасен интернет, како и да се поттикне политичката волја за постигнување на оваа цел. Исто така, ќе серазгледуваат и технолошките решенија за пристапот на широкопојасниот интернет воруралните средини, во најмалку развиените земји и малите островски земји воразвој.
Mинистерот Ивановски ќе оствари средби со генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија, Хамадан Туре, како и со заменик генералниот секретар, Хоулин Жао, искористувајќи ја можноста да ја презентира кандидатурата на Република Македонија за членство во Советот на ITU. Исто така, тема на состаноците ќе бидат и заложбите на Република Македонија во воспоставувањето на CERT (NationalCyber Emergency Response Team).
Инаку,добитници на наградите во рамките на одбележувањето на годишнината на ITU се претседателот на Руанда, Пол Кагаме, претседателот на Република Кореја, ПаркГеун Хју и Карлос Слим.
Светскиотден на телекомуникациите се прославува секоја година на 17 мај почнувајќи од 1969 година,по повод одбележувањето на основањетона Меѓународната телекомуникациска унија и потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција во 1865 година.