Бочварски: Започнавме со реконструкции на улици во Кисела Вода и Гази Баба
Започнува реконструкцијата на улицата „Петар Драпшин“ во населба 11 Октомври, општина Кисела Вода, инвестиција од 13,7 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, преку Проектот за поврзување на локални патишта во општините...

Започнува реконструкцијата на улицата „Петар Драпшин“ во населба 11 Октомври, општина Кисела Вода, инвестиција од 13,7 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, преку Проектот за поврзување на локални патишта во општините.
Денеска министерот Бочварски заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски и пратеници од општината, извршија увид во реконструкција на улицата.
„Особено ми е драго што преку Министерството за транспорт и врски продолжуваме да ги помагаме општините, да им даваме силна поддршка за реализација на вакви проекти со кои го подобруваме животот на граѓаните. Нашите политики се јасни и конзистентни, сите општини и сите граѓани ни се важни и правиме се за да обезбедиме квалитетни проекти за граѓаните и развој на општините.“ – истакна министерот Бочварски.
Исто така, министерот Бочварски денеска го потпиша договорот за изградба и рехабилитација на шест улици во населеното место Хиподром 2, во општина Гази Баба.
Проектот за рехабилитација на локалните патишта ги дава резултатите во општините.
Преку овој Проект ја подигнуваме безбедноста и ги подобруваме условите за живот на граѓаните.
До сега преку овој Проект се опфатени преку 140 улици во над 60 општини.
