МВР

Приведени крадци во скопска Кисела Вода, одземеното вратено на сопственикот

08.06.2023 14:57

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода С.О.(37) и Ф.А.(36), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.06.2023 извршиле тешка кражба...

Денеска , полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода С.О.(37) и Ф.А.(36), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.06.2023 извршиле тешка кражба во објект на правно лице на ул. „Сава Ковачевиќ“, при што одзеле повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.