Голем транс спектакл утревечер во Скопје

15.05.2014 16:58

ETERNAL VISIONS IV  и издавачката Куќа „Bhooteshwara Records“ ве канат на голем музички транс спектакл кој ќе се случи утревечер во скопскиот клуб „Тао“ . На големо барање на почитувачите на транс музиката, за прв пат пред македонската публика со настап во живо ќе настапи светски познатиот Lunarave од Франција.

ETERNAL VISIONS IV  и издавачката Куќа „Bhooteshwara Records“ ве канат на голем музички транс спектакл кој ќе се случи утревечер во скопскиот клуб „Тао“ . На големо барање на почитувачите на транс музиката, за прв пат пред македонската публика со настап во живо ќе настапи светски познатиот Lunarave од Франција.

 Нештата како Космосот, безвременското патување, времето и богатата историја, се само дел од преокупацијата на Lunarave, кој што има за цел да ги сподели со публиката преку музичкото патување. Има учествувано на многу концерти, почнувајќи од 2004-та година во Франција, во придружба на The Psynap’s crew и подоцна од 2006-та година со издавачката „Hadra Records“ развива свој сопствен стил. Неговите настапи во живо му придонесоа да се прослави надвор од границите на сопствената Земја, а самото издавање на деби албумот „Четвртото сонце“, му донесе огоромен успех. Денес тој работи на својот втор по ред студиски албум, но исто така неговото име можеме да го видиме потпишано и на други проекти. Настапите во живо на овој артист не возат низ мистични звуци на безвременското патување, а по завршетокот на настапот на публиката и останува само едно – да го дочека неговиот следен магичен брод.

Исто така за прв пат во Македонија, со свој сет сет ќе настапи и Ди-џеј Сонер, кој е роден и живее во Солун. Неговите зачетоци во психоделичниот транс се уште во 1996 година, кога се организирале забави и големи собирања. Официјалниот старт на кариерата како Ди-џеј ја започнува во 2001-та година со гостување на многу журки и фестивали во родната земја. Поканите за гостувања се должат на неговото експериментирање со психоделични тонови, кои како стил може да се дефинираат во психоделичен транс. Со самото појавување на сцената, тој ја телепортира целата публика што се наоѓа на подиумот.

Домашна поддршка на настанот ќе дадат TRY2FLY и SE7TUM PROJECT, за декорациите ќе се погрижат  Bhooteshwara Crew UV-Decoration, а за визулениот дел ќе бидат задолжени Lazy Kidz Visualz.

Моника Јовановска